Раст на депозитите на банките во Македонија

14

Депозитите на банките во Македонија бележат континуиран раст, а очекувањата се дека тој тренд ќе продолжи и во следниот период со годишна стапка на раст од 10%, рече гувернерот Димитар Богов, кој беше дел од форумот на небанкарски финансиски институции кои прифаќаат јавни депозити.

“Македонија и во иднина може да задржи годишна стапка на раст на депозитите од 10 %“, изјави Богов.

Според објавените податоци на НБРМ, Годишната стапка на раст на вкупните депозити на крајот на јуни изнесува 8,3%, покажуваат податоците на Народната банка на Македонија.

Од вкупниот волумен на депозити, 1% отпаѓа на депозити во нефинансиските институции, кои во земјава работат само со физички лица.

За директорот на USAID во земјава, Џејмс Стајн, важно е да се има финансиски систем во кој ќе бидат вклучени и традиционалните банки, но и небанкарските финансиски институции, што претставува солидна основа за стекнување нови клиенти.