Раст на продажните цени на индустриските производи во септември

19

industriska-postrojka-pixabay

Фото: Pixabay

Продажните цени на производителите на индустриски производи, во септември оваа година, се повисоки за 0,4% на месечно ниво, а за 3,3% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во септември 2017, во споредба со претходниот месец, продажните цени на производителите на индустриски производи, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 4,2%, а се повисоки во секторот Преработувачка индустрија за 0,8% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,6%.

Во септември 2017, во споредба со септември 2016 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 20,4%, во секторот Преработувачка индустрија за 2,1%, а се пониски во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,1%.