Расте бројот на жени сопственички и косопственички на имот

89

Mинистерот за правда, Бојан Маричиќ денеска се обрати на онлајн Регионалната конференција за Европа, под покровителство на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО).

Министерот истакна дека со усвојувањето на Агенда 2030 и Целите за одржлив развој, Северна Македонија заедно со останатите земји од Западен Балкан се обидува да ја унапреди родовата еднаквост во сопственоста.

“За само шест години во Северна Македонија, процентот на жени сопственици и косопственици на имот е зголемен за 10%“, сподели министерот, Маричиќ, кој дополни дека во 2013 година, овој процент бил речиси 17 5, додека пак во 2019 година, 27%, што претставува и најголем прогрес на Балканот.

Маричиќ потенцираше дека ќе продолжат напорите за зголемување на родовата еднаквост, а истакна дека ваквиот прогрес на Северна Македонија можеби се должи на фактот што 60% од нотарите во земјата се жени.

Поголема еднаквост во сопственоста на земјиштето ќе придонесе за зголемена економска ефикасност и ќе има повеќе позитивни ефекти за постигнување други Цели за одржлив развој, вклучително и за намалување на сиромаштијата.

Фото: Pixabay