Расте употребата на канабис меѓу вработените

Експертите ќе мора да го разгледаат влијанието на пандемијата не само за безбедност на работните места, туку и на работниците. Тестирања открија рекордно ниво на употреба на канабис меѓу вработените во САД.

Во текот на тестирањата, податоците покажуваат дека скоро 2,7% од над седум милиони тестови на дрога спроведени во име на работодавачите во 2020 година биле позитивни на канабис. Тоа е повеќе од 2,5% колку што се регистрирани во 2019 година. Тој процент во 2016 година бил 2%.

Бидејќи расте бројот на држави во САД што го легализираат канабисот за возрасни и во медицински цели, сè повеќе работодавачи одлучуваат да не прават тестови за канабис.

Фото: Pexels