Редок модел на Nike патики продадени за рекордни 437.500 долари

120

Пар Nike патики дизајнирани од ко-основачот на гигантот за спортска облека, се продадени за рекордна цена од 437.500 долари.

Тие беа последните обувки што се продадоа на аукција во Sotheby’s во Њујорк, заедно со уште други 100 пара патики од останатите познати спортски брендови.

The 1972 Nike Waffle Racing Flat Moon патиките коишто беа креирани во 1972 години се очекуваше да достигнат цена од 160.000 долари.

Но, колекционерот од Канада, Мајлс Надал, плати речиси три пати повеќе од предвидената сумата. Истиот човек претходно плати 850.000 за дел од останатите 99 пара на аукцијата, пишува BBC.

Патиките беа дизајнирани од страна на тренерот Бил Баурмен еден од основачите на Nike.

Фото: Sotheby’s