Редовна аукција за продажба на благајнички записи

22

 

evra-i-digitron-pixabay

Фото: Pixabay

На 14 јуни 2017 година, Народната банка на Република Македонија спроведе редовна аукција за продажба на благајнички записи со примена на тендер со ограничен износ и фиксно утврдена каматна стапка од 3,25%. На аукцијата беа понудени благајнички записи на ниво од 30.000 милиони денари.

Побарувачката и реализацијата на благајничките записи изнесуваа 30.000 милиони денари и беа на ниво на понудениот износ.

Следната аукција на благајничките записи ќе се одржи на 12 јули 2017 година.