Редовна средба на институции надлежни за регулирање и надзор на финансискиот систем

28

Во просториите на Народната банка денеска се одржа редовна средба помеѓу високите претставници од институциите коишто се надлежни за регулирање и надзор на одделните сегменти од финансискиот систем на Република Македонија: Министерството за финансии, Агенцијата за супервизија на осигурувањето, Агенцијата за супервизија на капитално финансираното пензиско осигурување, Комисијата за хартии од вредност и Народната банка на Република Македонија, стои во соопштението.

На состанокот се разговараше за движењата и ризиците со кои се соочуваат одделните сегменти од финансискиот систем на Република Македонија и соодветните супервизорски институции, како и за потребата од преземање, поединечни или координирани, идни мерки и активности. Притоа, се заклучи дека и во услови на неповолни домашни случувања, македонскиот финансиски систем ја задржа својата стабилност.

Беше разговарано и за напредокот во унапредувањето на регулативата и стандардите за работење на финансиските институции, во согласност со меѓународните практики и директивите на Европската Унија.