Рекорден пад на лирата – Ердоган го смени шефот на Централната банка

55

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го разреши гувернерот на централната банка на државата, Мурат Ујсал, и на негово место го назначи поранешниот министер за финансии Наџи Агбал.

Промената доаѓа во време на рекорден пад на националната валута во однос на доларот.

Турската лира во петокот беше на рекордно ниско ниво од 8,58 по долар. Оваа година се намали за 30% во однос на американската валута.

Освен министерот за финансии во периодот 2015-2018 година, Агбал ја извршуваше и функцијата шеф на стратешко управување и управување со буџетот во администрацијата на претседателот на Турција.

Ујсал беше назначен за шеф на банката во јули минатата година на местото на Мурат Четинкаја. 

Фото: Pixabay