РЕМ: Инвестиција во Тетово вредна 40 милиони евра

91

001На само 700 метри од центарот на Тетово, на една од најзначајните и најфреквентните локации, помеѓу два главни булевари, привршува изградбата на современиот повеќенаменски комплекс РЕМ.
Станува збор за заедничка инвестиција на компаниите Renova и Elekrometal Тетово, во вредност од 40 милиони евра, најголема инвестиција досега во западна Македонија.
РЕМ Комплексот се состои од: 146 станови, трговски центар од 12 000 м2, луксузен хотел со 5 ѕвезди на 12 ката, панорамски ресторан на најгорниот кат од хотелот и 400 паркинг места, на вкупна изградена површина од 60 000 м2. Официјалното отворање е предвидено за втората половина на месец октомври 2013.
Консултантската компанија за недвижности ФОРТОН Македонија како ексклузивен агент за изнајмување на трговскиот центар, се погрижи своето место во РЕМ центарот веќе да го обезбедат повеќе интернационални и домашни брендови, како што се: ланецот на супермаркети Ramstore (Рамстор), италијанскиот моден ланец GruppoFiori (ГрупоФјори), Extreme Intimo (Екстрим Интимо), Office Plus (Офис Плус), Penti (Пенти), Lamas &Jovani USA (Ламас и Џовани УСА), Carter`s (Картерс), KRSH for Kids (КРШ за деца), Mat Star (Мат Стар), LU Caffe (Лу Кафе), HabyLand (ХабиЛенд).

Единственото ентериерно решение на трговскиот центар, со впечатлив атриумски простор, дневна светлина и максимална видливост на сите локали, го прават овој проект еден од најатрактивните во земјата и регионот.

Станбените единици поседуваат енергетско-ефикасен систем за греење и ладење и ги исполнуваат сите највисоки европски технички и градежни нормативи.

Обезбеден е 24-часовен мониторинг на целиот објект, видеофонија, алармен систем, централно греење, вклучувајќи и комплетна инсталација со радијатори и калориметри за точно мерење на потрошената енергија.DSC_7545

Хотелот во рамките на комплексот РЕМ, ќе располага со 120 соби, спа центар, базен, фитнес сала, конференциски сали и ќе биде единствен од ваков вид во западна Македонија, што особено ќе придонесе за дополнителен развој на туризмот во овој регион.

“Комплексот РЕМ ќе даде значаен придонес во развојот на домашната економија со обезбедување на стотици нови вработувања и ќе понуди нешто ново во Тетово. За оние кои ќе се решат да купат стан за домување или продажен салон ќе овозможи голем број на предности, поради фактот што на едно место ќе може да се најде се што е потребно за квалитетен и модерен живот. Со изградбата на РЕМ комплексот, Тетово и регионот ќе добијат на квалитет и препознатливост”, изјавија инвеститорите.