Renault тестира услуга за споделување на автономен транспорт преку смартфон

28

Францускиот производител на автомобили, Renault започна со тестирање на услуга што вклучува споделување на автономни, електрични возила.

Во тест периодот, којшто ќе трае до осми ноември, вклучени се околу 100 луѓе, а се вози низ урбаниот кампусот Paris-Saclay во Франција.

За потребите на тестирањето се користи прототип возилото Renault ZOE Cab, пишува CNCB.

Ќе бидат употребени две возила со различни карактеристики, а патниците ќе можат да ги повикаат преку апликација на телефон.

Од Renault велат дека пилот тестот ќе овозможи да се проверат техничките аспекти на услугата.

Фото: Pixabay