Rimac Automobili има нови инвеститори

44

Пред 10-тина денови во сопственичката структура на Rimac Automobili, фигурираат нови инвеститори.

Според информациите од судскиот регистар, компанијата Neuron R SA од Луксембург е впишана како нов член на друштвото, додека инвеститорот од Абу Даби, Зиад Тасабехиј, кој е еден од првите инвеститори од 2014-та година, излегол од сопственичката структура.

На почетокот на октомври, како што пишува хрватски Лидер, во сопственичката структура влегла и компанија од Хонгконг, додека на крајот на октомври кинеската China Dynamics излезе од сопственичката структура на компанијата на Мате Римац.

Фото: Facebook