Римац: Не ги намаливме бројот на вработените и платите

79

Хрватскиот претприемач и сопственик на Rimac Automobili, Мате Римац изјави дека неговата компанија ниту ги намали бројот на вработени, ниту платите на вработените, а инвеститорите и понатаму го следат, пренесува Пословни дневник.

Минатата година во септември, Porsche го зголеми уделот од 10 на 15,5%. Првите инвеститори на Rimac Automobili се појавија пред шест години. Тогаш Колумбиецот Френк Канает Јепес, кинески Sinocop Resources и сопственикот на Forbes во првата инвестициона рунда вложија 10 милиони долари.

Тоа, како што се наведува, била прва инвестиција во технолошки старт – ап со седиште во Хрватска. Една година подоцна, компанијата на Римац ја доби поголемата зделка. Пред три години во Rimac Automobili, кинеската Camel Group инвестираше 30 милиони евра, а пред две години Римац го претстави C_Two, со Camel договори изградба на фабрика во Кина, доби ангажман за истражување и развој за Pininfarina и доби инвестиција од 18,7 милиони евра од Porsche за удел од 10%. Минатата година, Hyundai и Kia вложија 80 милиони евра.

За минатата година, сè уште нема резултати од работењето, а за 2018 година покажуваат дека компанијата остварила приходи од 96,3 милиони евра, загуба од 2,6 милиони евра и инвестиции во постојани средства од 23 милиони евра.

Фото: Facebook