Ritter, Nestle, Kraft, Strock казнети со 60 милиони евра за договарање на цени

73

cokolado

Фото: Pixabay

Германските власти за заштита на конкуренцијата ги казни Kraft, Nestle, Ritter, Strock… вкупно 11 произведувачи на чоколади со 60 милиони евра поради нелегално здружување и договарање на цените. Прекршоците се направени во периодот меѓу 2004 и 2008 година.

Компаниите се обвинети дека се договарале за покачување на цената на чоколадото кога трошоците за суровини осетно пораснаа во 2007 година. Во соопштението на регулаторот стои дека компаниите едноставно престанале меѓусебно да си конкурираат и дека со повисоките цени за дури 25% ги оптовариле потрошувачите.

Компанијата Mars, според соопштението, ќе го избегне плаќањето на казната, затоа што во 2008 година ги предупредила властите на незаконската пракса на другите произведувачи.

“Ritter Sport категорично ги отфрла обвинувањата за договарање на цената и тврдењата за размена на информации за органичување на конкурентноста или други одлуки на штета на потрошувачите”, изјавија од Ritter за Ројтерс.

Портпаролот на Nestle изјави дека наводите за здружување во картел се неоправдани и дека во основа не се задоволни со методите и начинот на кој регулаторот го толкува законот за конкуренција.

Освен Kraft, Nestle, Ritter, Strock, казнети се уште Bahlsen, Griesson de Beukelaer, Katjes Fassin, CFP Brands Süßwarenhandels, Feodora Chocolade, Piasten и Zentis.