Робот што помага во берба на краставици

112

cucumberФото: Pixabay

Со цел да се одржат германските фарми за одгледување краставици, Иинститутот за производство и дизајн Fraunhofer од Германија разви едноставен робот со две раце што ќе помогне во бербата на зеленчукот, пишува New Atlas.

Роботот има камера што може да открие и лоцира краставици со 95% успех. Програмиран е да ги идентификува зрелите краставици, да ги собере и да ги складира со минимум оштетување на растението. Користејќи вакуумска технологија може да собере и до 13 краставици во минута.

Роботот користи оптички и тактилни сензори што вклучуваат мултиспектрални камери поврзани со интелигентен систем за обработка на слики за да ги разликува краставиците од лозите и лисјата.

За разлика од домашното одгледување краставици, комерцијалното е покомплицирано. Полињата се огромни и собирањето зеленчук бара ангажирање голем број сезонски работиници. За да се спречи производството на овој зеленчук да се ограничи само во Индија или Источна Европа, треба да се искористат предностите на роботот, објаснуваат креаторите на проектот.

Роботот наскоро ќе биде тестиран и во собирање на други земјоделски производи.