Rocking Knit – столица за нишкање што на корисникот му плете капа

37

 

Rocking-Knit-rocking-chair

Rocking Knit е необична столица што додека корисникот се нишка, во исто време му плете зимска капа, пишува This is colossal.com.

Столицата ја користи кинетичката енергија, што се создава додека корисникот се движи напред – назад.

Добиената енергија ја пренесуваат запчаници над главата на корисникот и ја плетат капата со клопчето поставено под седиштето на столицата. Штом почнат да се движат запчаниците, механичките делови сами ја плетат капата.

Rocking Knit го дизајнираа двајца студенти од Универзитетот за уметност и дизајн во Швајцарија, Демиен Луди и Колин Пелекс. Тие се дел од проект Low tech factory, којшто се однесува на самоодржливи производни процеси.