Рокот за поднесување на барање за отпис на каматите истекува на 31 декември

22

Од Управата за јавни приходи апелираат до сите обврзници кои не поднеле барање за отпишување на долгот на пресметани неплатени камати по основ на достасани обврски за придонеси од задолжителното социјално осигурување кои настанале во периодот од јануари 2009 година, заклучно со декември 2012 година, да го запазат рокот и да го сторат тоа најдоцна до 31 декември.

Правото на отпис на камати по овој основ се однесува за сите обврзници кои се опфатени со концептот бруто-плата и истите ги имаат платено придонесите од задолжително пензиско осигурување заклучно со 31.12.2008 година. Обврзниците имаат неколку можности за отпишување на долгот и тоа отпишување на 100% од камата доколку исплатата на заостанатите обврски за кои е поднесено барањето подносителот ја изврши во рок од 6 месеци од денот на поднесувањето и редовно ги исполнува достасаните тековни обврски. Отпишување на 75% доколку исплатата на заостанатите обврски биде исплатена во рок од 12 месеци од денот на поднесувањето на барањето и редовно ги исполнува достасаните тековни обврски, и третата опција е отпишување на 50% и од каматата ако исплатата на заостанатите обврски за кои е поднесено барањето подносителот ја изврши во рок од 18 месеци од денот на поднесувањето на барањето и редовно ги исполнува достасаните тековни обврски.

Барање за отпис на камати на достасани обврски по основ на придонеси од задолжително социјално осигурување обврзниците треба да го поднесат до Регионалната дирекција на Управата за јавни приходи, според седиштето на даночниот обврзник.

Повеќе информиации за начинот на остварување на правото за отпис на камати заинтересираните субјекти можат да најдат на веб страната на Управата за јавни приходи преку посета на линкот http://ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/378, да се обратат до Инфоцентарот на УЈП на телефонскиот број 0800 33 000 или преку електронската пошта info@ujp.gov.mk