Романија продаде 15% од Трансгаз за 95 милиони долари

11

transgazСо продажбата на 15% удел во дистрибутерот на природен гас Трансгаз, Романија собра 94,9 милиони долари, соопшти министерот за енергетика Константин Нита.

Продажбата е една од обврските на Романија кон Меѓународниот монетарен фонд и Европската унија во рамките на условите за кредити во вкупен износ од 25 милијарди евра.

Околу 70% од уделите ги купиле странски инвеститори, по просечна цена од 52,7 долари по акција.

Следниот месец Романија планира да го продаде својот удел во Нуклеарелектрик, компанија која управува со нуклеарната централа Чернавода. Во септември на ред би дошла продажба на уделите во произведувачот на гас Ромгаз, централата Олтенија, а можеби и во Хидроелектрика.