Романскиот државен авиопревозник ги продаде своите најголеми авиони

Фото: Pixabay

Романскиот државен авиопревозник, Tarom, успеал да продаде два авиона од типот Airbus A310, за 5.48 милиони евра, што е двојно повеќе од првично добиената понуда, пишува Romaniа Insider.

Компанијата на ваков чеекор се одлучила, откако уште во 2016 година ги отстрани авионите од својата флота, поради пријавени загуби од десетици милиони евра. Armenia Airways ги купи двата авиони на романците, заедно со моторот и доплнителни воздухопловни компоненти.

Во 1992 година, Tarom купи три авиона од моделот Airbus A310, од кои еден се урна набрзо по првото полетување. Другите два авиона ги сервисираа долгите летови за Њујорк и Пекинг, но и тие на почетокот на 2000 година беа затворени поради загуби. Airbus A310 е најголемиот авион во флотата на Tarom со капацитет од 209 седишта.