Роналдо од еден пост на Instagram заработува “само“ милион долари

103

Фудбалската ѕвезда Кристијано Роналдо има 200 милиони следбеници на социјалната мрежа Instagram.

“Ви благодарам на секој од вас што го споделувате ова патување со мене секој ден“, напиша 34-годишниот Роналдо.

Зад Роналдо, по бројот на следбеници на Instagram е музичката ѕвезда Ариана Гранде со 173,2 милиони. Единствен профил што има повеќе следбеници од Роналдо е самиот профил на Instagram со 330,6 милиони.

Според магазинот Forbes, Роналдо заработуваоколу еден милион долари од еден пост.

Фото: Facebook