Ротердам ќе ја добие првата пловна, дрвена кула во светот

91

Дизајнерската фирма Waterstudio, со седиште во Амстердам, ја создаде првата пловна кула од дрва.

Зданието, кое што ќе биде “закотвено“ во водите Ротердам е изработено од CLT или вкрстен ламинат.

Кулата ќе има деловни единици, јавен парк со зеленило и градини и ресторан со тераса.

Од сите страни ќе има големи стаклени прозорци со што ќе се овозможи продор на сончева светлина во текот на денот низ целиот објект. Освен тоа, во кулата ќе има и галерија и кафетерија коишто ќе бидат достапни за сите посетители како и паркот.

Самата внатрешност ќе ја краси атриум којшто, исто така, ќе изобилува со природна светлина.

Фото: Waterstudio