Рудар од Танзанија преку ноќ стана милионер

122

Рудар од Танзанија стана милионер преку ноќ откако продал два скапоцени камења танзанит, коишто биле досега најголемите камења што биле пронајдени во оваа африканска земја.

Саниниу Лејзер заработи 3,4 милиони долари од тамошното министерство за рударство, коешто ги откупило камењата чија тежина достигна 15 килограми, пишува ВВС.

“Ќе организирам голема забава“, рекол Лејзер, кој инаку е татко на 30 деца.

Танзанитот е син камен што може да се најде само во северниот дел на Танзанија, а се користи за изработка на накит. Важи за еден од најретките скапоцени камења во светот, а некои геолози проценуваат дека сите залихи од танзанитот би можеле да исчезнат за 20-тина година години.

Цената на овој камен зависи од бојата и чистотата. Колку е почист, толку и цената ќе му биде повисока.

Лејзер минатата недела пронашол танзанит камења тешки 9,2 и 5,8 килограми и ги продал на аукција. Досега најголемиот пронајде камен тежел 3,3 килограми.

Фото: Pixabay