Рудници Бањани ќе исплаќа дивиденда за 2014 од акумулираната добивка

25

rudnici-banjani-1

Акционерското друштво Рудници Бањани донесе одлука за исплата на дивиденда за 2014 година.

“Се утврдува исплата на дивиденда во висина од 16 денари по акција нето, односно бруто дивиденда од 17,78 денари по акција од акумулираната добивка до 31.12.2008 година“, се наведува во одлуката.

Компанијата донесе и одлука за распределба на добивката по оданочување за 2014 година. Според оваа одлука, добивката по оданочување во износ од 536.908 денари останува нераспределена.