Рудници Бањани со добивка од 537.000 денари во 2014 година

18

rudnici banjani 1

Акционерското друштво Рудници Бањани оствари добивка во висина од 537.000 денари во 2014 година, стои во неконсолидираниот биланс на успех, објавен на Македонска берза.

Во истиот период претходната година, Рудници Бањани реализираше добивка од 2.797.000 денари.

Вкупните приходи од продажба на компанијата се на ниво од 48.903.000 денари, од кои на домашен пазар се остварени 48.472.000 денари, додека остатокот од 431.000 е реализиран на странски пазари. Една година претходно вкупните приходи од продажба на Рудници Бањани биле во вредност од 72.355.000 денари.

Во образложението за настанатите значајни промени во финансискиот резултат, од компанијата нотираат дека од 01.01 до 31.12.2014 година во споредба со истиот период од 2013 година има значајно намалување на финансискиот резултат.

“Најголемо намалување има кај транспортните трошоци за 4.206.000 денари и трошоците за електрична енергија, нафта, масла и мазива за 3.300.000 денари поради намалено производство и користење на постоечките залихи, како и намалена продажба“, стои во образложението.