Русија ја регистрира првата вакцина против Ковид-19

55

Првата вакцина против Ковид-19, што ја разви Институт Гамалеј во Москва, доби одобрение од руското министерство за здравство, изјави претседателот Владимир Путин.

Тој додаде дека вакцината доби одобрение по помалку од два месеца тестирање на луѓе. Според рускиот претседател, тоа го отвора патот кон масовно тестирање, иако продолжува финалната фаза на клинички испитувања со коишто треба да се потврди ефикасноста на вакцината.

Според Ројтерс, брзината со којашто Русија ја произведе вакцината ја покажува одлучноста на земјата да биде лидер на глобално ниво.

Светската здравствена организација (СЗО) ја повика Русија да ги следи меѓународните насоки во производство на вакцини против Ковид-19, откако земјата најави дека ќе почне да го вакцинира населението во октомври.

Фото: Freepik