Русија ќе ги обврзува технолошките гиганти да отвораат локални канцеларии

27

Руските законодавци донесоа закон со којшто ги обврзува интернет гигантите да се обврзат на отворање локални канцеларии во Русија. Тоа ќе го олесни изрекувањето поостри казни во случај на прекршување на правилата, пренесува France Presse.

Порастот на мерки против социјалните мрежи и независни странски медиуми предизвикува загриженост кај критичарите на власта во Русија. Според нив, тоа е обид за стеснување на просторот за слобода за изразува и противење.

По одобрување на текстот, Државната дума (долниот дом на рускиот парламент) објасни дека претставништвата на странските технолошки и информатички компании ќе биде “одговорна за секое кршење на руските закони, може да соработуваат со владините агенции и да го ограничат ширењето на содржините што го кршат рускиот закон“.

Законот, за којшто се очекува да биде финализиран следните недели, е наменет за компании чии платформи имаат публика од над 500.000 корисници во Русија.

Фото: Pexels