
Рускиот претседател Владимир Путин ѝ наложи на владата во Москва да усвои план за долгорочен развој на експлоатацијата и производството на ретки метали, кој вклучува група од 17 ретки земни метали (РЕE) до декември.
Наредбата беше донесена по завршувањето на Источниот економски форум, а нејзината цел е да се обезбеди долгорочна стабилност и да се зголеми производствениот капацитет во секторот на ретки метали, кои се од стратешко значење за индустријата и одбраната.
Владата на Русија е задолжена да ги земе предвид претходните упатства и да го формализира документот до 1 декември, пренесува ТАСС.
Премиерот Михаил Мишустин е одговорен за спроведување на наредбата, кој ќе ги следи сите фази од подготовката и усвојувањето на планот.
Според министерот за одбрана Сергеј Шојгу, Русија има повеќе од 28 милиони тони откриени резерви на ретки метали, што обезбедува снабдување стотици години однапред.
Според извештајот на „Форчун бизнис инсајтс“, глобалниот пазар на REE бил проценет на 3,39 милијарди долари во 2023 година, а се очекува да порасне на 8,14 милијарди долари до 2032 година.











