Руски научници развија чизми отпорни на температура и до – 70 степени Целзиусови

62

cizmi otporni na ekstremni temperaturi

Научници од Новосибиркс создадоа иновативни чизми коишто се отпорни и можат да задржат топлина и на екстремно ниски температури и до – 70 степени Целзиусови, пишува Russia beyond the headlines.

При дизајнирање на овие чизми, научниците користеле нанотехнологија за создавање на таканаречен “термос ефект“. Чизмите ги поминаа тестирањата во руската база Барнео на Арктикот. Планирано е овие обувки да им бидат достапни и на луѓе кои се занимаваат со спорт и туризам.

“Нашата главна цел е да развиеме нов вид на материјали за обувки што ќе ја подобрат издржливоста, леснотијата и отпорноста на ниски температури. Научниците создадоа нов материјал што беше тестиран во Новосибирскиот технолошки институт, којшто беше испратен во станицата Барнео каде што експертите ги тестираа во реални арктички услови“, изјави Наталија Паули, претставник од компанијата што ги изработува овие чизми, Obuv Rossii.

Според препораките на поларните истражувачи, компанијата изработи и модели на овие чизми прилагодени за потребите на војската.