RWE се откажа од гасоводот Набуко

48

rwe-nabuccoГерманскиот енергетски концерн RWE го продаде својот дел во конзорциумот за изградба на гасоводот Набуко на австриската нафтена компанија OMV, јавуваат бугарските медиуми.

OMV го откупи 17% удел на Германците, што заедно со досегашниот удел ги прави најголем акционер со околу 34% учество.

Целта на проектот Набуко е да се создаде нов пат за пренос на гас од централна Азија до Европа, кој ќе биде алтернативен на трасата преку Русија. Планирано е гасоводот со должина од околу 4.000 километри да преминува од Каспискиот регион преку Турција и југоисточна Европа до Австрија.

Во проектот Набуко, освен австрискиот концерн како акционери учествуваат и Бугарскиот енергетски холдинг, унгарски МОЛ и романски Трансгаз.