РЖ Услуги планира оваа година да ја заврши со загуба од 2,3 милиони денари

23

rz-uslugi-1

Акционерското друштво РЖ Услуги планира оваа година да ја заврши со вкупна загуба од редовното работење во износ од 2.309.000 денари, покажува Предлог финансискиот план на компанијата.

“При проекција на финансискиот резултат од работењето на РЖ Услуги АД Скопје за 2017 година, како појдовна основа во зависност од одделни позиции, се земени предвид: минатогодишните резултати во делот на реализирани услуги од наша страна и примени услуги од добавувачи, како и анализирани показатели од првото тримесечје од 2017 година и влијанието на обемот на работа на погоните во потесното железарско окружување“, стои во предлог финансискиот план.

Според проекциите, приходите од продажба на домашен пазар изнесува 143.653.000 денари, а бруто добивката е на ниво од 140.553.000 денари. По проектираните останати приходи и расходи, како и по финансиските приходи и расходи, компанијата предвидува загуба од редовно работење во висина од 2.309.000 денари.

РЖ Услуги се занимава со собирање, прочистување, производство и дистрибуција на вода за пиење и индустриска вода.