S&P за првпат го надмина прагот од 4.000 поени

23

Индексот на Њујоршката берза S&P 500 за првпат го надмина прагот од 4.000 поени, сигнализирајќи солиден раст по претставување на инфраструктурниот план на американскиот претседател, Џо Бајден.

Најширокиот референтен индекс на Wall Street, S&P 500 се зголеми за 0,8%, достигнувајќи нова дневна рекордна вредност од 4.010,46 поени, пренесува CNBC.

Индустрискиот индекс Dow Jones се зголеми за 150 поени, а Nasdaq забележа пораст од 1,4%.

Технолошките гигант Alphabet и Microsoft ја зголемија вредноста за над 2%, додека Amazon, Facebook и Netflix имаа пораст од над 1%.

Фото: Pexels