САД му ги “поматија“ сметките на Philips

46

Холандскиот производител на електрична опрема, Philips ги намали процените за годишните резултати откако американското министерство за здравство го откажа поголемиот дел од нарачката на респиратори, потребни за лекување на болни лица од Ковид-19.

Philips е една од компаниите со коишто американските власти склучија договор за испорака на повеќе од 187.000 респиратори како државна резерва.

Американските здравствени власти информираа за делумно раскинување на договорот, според којшто првични требаше да се испорачаат 30.700 респиратори, но холандскиот производител ќе им испрати само 12.300 машини.

Компанијата претходно очекуваше подобри финансиски резултати поради зголемената побарувачка за респиратори и други видови на медицинска опрема, неопходна за справување со Ковид-19.

Фото: Twitter