Сакате црви за јадење? Во ЕУ се одобруваат како храна

80

Европската агенција за безбедност на храна одобри употреба на инсекти за исхрана кај луѓето. Тоа не значи дека во ЕУ како прехранбени производи ќе може да се користат било какви инсекти, туку само оние кои се оценети како безбедни за употреба.

За почеток, одобрена е консумација на брашнестиот црв, односно ларви коишто низ историјата ги консумирале многу народи, посебно оние од југоисточна Азија. Се јадат термички обработени, најчесто пржени или печени и се сметаат за многу здрав оброк, полн со протеини. Исто така содржат и селен, железо, цинк и други користи состојки, а имаат повеќе витамини од говедското месо.

Европската агенција го одобри нивното користење во повеќе варијанти, како додаток за јадења или како брашно.

Фото: Freepik