Салцбург: Без примена вакцина против коронавирус нема вработување

6

Австриската покраина Салцбург има намера во болниците и во домовите за стари лица да вработи само луѓе кои биле вакцинирани против Ковид-19.

“Во нашите болници веќе постои де факто обврска за вакцинирање, бидејќи статусот на имунизација се проверува пред вработувањето и вакцините кои недостасуваат мора да бидат примени подоцна“, објасни секретарот за здравство и потпретседател на покраината Салцбург, Кристијан Стекл.

Тој принцип ќе се применува и за нови вработувања кога ќе се појави вакцината против коронавирус.

Стекл сака задолжителна имунизација против коронавирус не само за болниците и домовите за стари лица, туку и за вработените во градинките и училиштата во Салцбург. Тој нареди проверка на законските можности.

Сепак, не постои можност за воведување на задолжителна вакцинација против коронавирусот за околу 15.000 лица кои во моментов се активно вработени во болници и во домови за стари лица.

Фото: Pixabay