Само 0,34% од инфлуенсерите во Србија плаќале данок

52

Од добитници во игри на среќа, јутубери, инфлуенсери, до оние кои држат часови по странски јазици и експерти кои од дома продаваат софтвер во Србија, сите би морале да се самооданочуваат, пренесува РТС.

Во Даночната управа на Србија велат дека инсистираат на доброволност иако сега имаат механизам да откријат кој намерно не ја подмирува својата обврска.

“Со вкрстување на податоци од деловните банки и поднесените даночни пријави, Даночната управа со анализа на ризикот утврди висок степен на непочитување на даночните прописи, односно само 0,34% од даночните обврзници во некој претходен период поднеле пријави“, вели Наташа Ристиќ од Одделението за стратешки ризици на тамошната Даночна управа.

Оттаму предупредуваат дека даночниот обврзник е должен 30 денари по остварување на приходите од странство да поднесе даночна пријава и да ги плати своите обврски.

Според податоците, вкупниот приход од извоз на услуги во изминатите седум години е двојно зголемен. Приливот од извоз на услуги на физички лица е зголемен од 19 милиони евра во 2012-та на 167,6 милиони евра во 2019-та година, што е пораст од 82%.

Фото: Freepik