Само еден град во светот имаше 3,3 милиони туристи годинава, а се наоѓа во регионот

145

Бројот на туристи кои од почетокот на годината до средината на декември ја посетиле Анталија изнесува 3,3 милиони, пишува турскиот весник Daily Sabah..

И покрај пандемијата со Ковид-19, која донесе ограничување на патувањата и карантин кои оставија силни последици врз глобалниот туризам, Анталија беше една од најпосетените туристички дестинации во регионот.

Претседателот на работната група за туризам во градскиот совет во Анталија, Реџеп Јавуз, исто така, изјави  дека градот имал добра сезона и покрај ограничувањата. Истакнувајќи ја ефективноста на мерките и промотивните активности усвоени од хотелите и аеродромите, Јавуз истакна дека нема друг град во светот со три милиони туристи оваа година, освен Анталија.

“Ова е навистина значајна, многу важна бројка“, додаде тој.

Русите беа најбројни странски посетители кои дојдоа во регионот во овој период, со околу 1,4 милиони туристи. Украина и Германија со 554.410, односно 339.759 туристи. Покрај тоа, 209.649 туристи пристигнаа од Велика Британија, 85.929 од Полска и 63.028 од Белорусија.

Инаку, Анталија годишно привлекува голем број на туристи, а минатата година ја посетија рекордни 15,5 милиони туристи.

Фото: Freepik