Samsung планира да вложи неверојатни 22 милијарди долари во новите технологии како вештачка интелигенција и 5G, во потрагата по нови производи за развој на компанијата, пишува CNN.
Јужнокорејскиот конгломерат изјави дека парите ќе бидат инвестирани во четири различни технолошки сфери во следните три години. Освен во ВИ и 5G, Samsung ќе вложува и во електронски делови и биофармацијата.
За таа цел компанијата ќе вработи 1.000 истражувачи на ВИ во светски рамки и ќе тежнее да стане главен играч во следната генерација на 5G мрежите.
Моментано најголемата конкуренција на Samsung се кинеските ривали Huawei и Xiaomi.
Компанијата во следните три години планира да вработи уште 40.000 луѓе на нови позиции.