Сао 3% од туристичките дестинации во светот примаат странски гости

34

Само 3% од туристичките дестинации во светот полека почнаа да се отвораат за странски гости. Околу 75% од туристичките места и понатаму се затворени не само за странски, туку и за домашни посетители.

Колку е туризмот поважен за националната економија, толку и внимателноста е поголема, соопштува Светската туристичка организација (СТО).

Во истражувањето на СТО беа вклучени над 200 туристички места во светот, коишто покажуваат дека е мал бројот на оние коишто се подготвени за странски гости.

Најтешка е состојбата на американскиот континент, каде под карантин се 86% од туристичките одредишта. Во САД се затворени над 80% од туристичките дестинации, додека во Европа и Африка под карантин се над 70% од туристичките места.

Туризмот е еден од секторите што е најсилно погоден од корона кризата, бидејќи меѓу првите мерки донесени поради пандемијата беше затворање на границите, суспендирање на летовите, затворање на хотелите… Од таа причина, од СТО бараат националните влади да обезбедат соодветна поддршка за да може туристичката дејност да застане за “свои нозе“ и на своите гости да им ги обезбеди сите потребни услови за летување заштитено од коронавирусот.

Фото: Freepik