Сарачини на состанок на министри за енергетика во Литванија

27

Министерот за економија Ваљон Сарачини денес и утре ќе учествува на состанокот на министрите за енергетика, што ќе се одржи во Вилнус, Литванија, како подготовка за средбата на министрите од тој ресор во декември годинава.

На состанокот ќе стане збор за клучните приоритети во енергетиката за време на претседавањето на Литванија со Советот на Европската Унија, вклучително и комплетирањето на внатрешниот пазар за енергетика на ЕУ во 2014 година и зајакнување на надворешната димензија на енергетските политики на ЕУ.

Министерот Сарачини ќе учествува на втората сесија на која ќе се дискутира за регионални иницијативи и мрежи, како начин да се зајакне пазарот, имплементација на проекти од интерес на заедницата, интервенција на пазарот на електрична енергија, како и за сопствени енергетски извори на ЕУ.