Саудиска Арабија ќе изгуби над 27 милијарди долари поради падот на цената на нафтата

26

Саудиска Арабија ќе изгуби над 27 милијарди долари поради падот на цената на нафтата предизвикан од пандемијата Ковид-19, рече саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман бин Абдулазиз Ал Сауд.

“Според буџетските проекции за 2020 година претставен минатата минатата година се очекуваше владините приходи 187 милијарди евра, од кои 115 милијарди евра ќе бидат од приходи од нафта. Поради колапсот на цената на нафтата, приходите од нафтата паднаа на околу 92 милијарди евра“, рече Ал Сауд.

Тие приходи не се доволни да ги покријат ни платите на државните службеници, кои се проценуваат на 113 милијарди евра, додаде престолонаследникот.

Фото: Freepik