Се отвора нова фабрика на Van Hool во Бунарџик

97

vanhool

Новиот капацитет на фабриката за производство на автобуси на белгиската компанија Van Hool денеска во Технолошко индустриската развојна зона – Скопје 1, Бунарџик, ќе биде пуштен во употреба.

Van Hool со работа во Македонија започна минатата година, откако во 2012-та година беше потпишан договор за инвестиција од 20 милиони евра.

Капацитетот на Van Hool е прв од фабриките во македонските индустриски зони кој произведува конечен готов производ, а оди под брендот “произведено во Македонија“.  Голем дел од производниот процес веќе вклучува компоненти од македонско производство.

Van Hool е семејна компанија од Белгија, формирана во 1947 година. Произведува градски и меѓуградски автобуси, како и индустриски возила. Има повеќе од 4.000 вработени во светот и остварува преку 450 милиони евра годишен обрт. Над 80% од производството на компанијата е наменето за извоз.