Се продава приморски град напуштен пред седум децении

129

Градот Косак во западниот дел на Австралија, којшто е напуштен пред 70 години, е даден на продажба.

Во 80-тите години на 19-от век бил формиран овој град, благодарение на капацитети за собирање бисери, а во 1895 година веќе имал над 1.000 работници кои биле вклучени во пронаоѓање на бисери.

Денес овој град има само двајца жители, кои имаат кафуле, а на посетителите им нудат можност за прошетки и плажи, но и јавање на коњи.

Градот е во косопственост на властите, но е понуден на продажба. Цената не е фиксна, бидејќи властите сакаат да го понудат на оние кои сакаат да развиваат туризам, а ќе може да аплицираат до 20-ти овој месец.

Фото: Twitter