Се продава првата комерцијално отпечатена божиќна честитка

96

На продажба е првата комерцијално отпечатена божиќна честитка во светот, отпечатена во Велика Британија во 19 век, којашто ја прикажува веселата сцена којашто во тоа време предизвикала реакции поради чашите вино на сликата.

Честитката е потпишана од Хенри Кол, Џон Калкот Хорсли и Џозеф Кундал, а е отпечатена во 1843 година, истата година кога беше објавена божиќната песна на Чарлс Дикенс.

Припадниците на движењето за умереност, кои повикувале на воздржување од алкохол, биле бесни кога била испечатена честитката бидејќи, според нив, таа охрабрувала пиење алкохол. Згора на тоа, на честитката се прикажува дете што пие вино, а тоа ја направило картичката уште поконтроверзна. Поминале дури три години пред издавачот да испечати ново издание од честитката.

Првично биле испечатени илјада копии, а се проценува дека досега се зачувани помалку од 30 примероци, од кои некои се изложени во музеи или се на продажба. Сега еден примерок од оваа честитка од 1843 година ќе биде понуден на аукција по цена од 25.000 долари.

Фото: Battledore.LTD