Се спрема нов закон – недела да биде неработен ден

113

Владата на вчерашната седница ја прифати иницијативата, денот недела да биде прогласен за неработен ден и го задолжи Министерството за труд и социјална политика во рок од 15 дена да достави законско решение за ова прашање.

Меѓу иницијаторите за недела неработен ден е и Сојузот на синдикати на Македонија.

“Традиционално во нашата држава и во државите на нашето опкружување се прифаќа дека саботата и неделата се денови на неделен одмор заради почитување на семејните традиции и заштита на правата што е во согласност со Конвенцијата на МОТ бр.106 за неделен одмор. Анализите и примерите покажуваат дека работникот ќе биде попродуктивен ќе има повеќе време за семејството, за одмор и професионално надградување и дообразување, поврзано и со здравјето на работниците, а обврските можат да се завршат во текот на неделата, а истовремено да не трпи ниту бизнисот, ниту работниците и граѓаните. Во изминиот период видовме дека со прогласените мерки и полицискиот час којшто траеше за време на викендите целокупното општество може да функционира и доколку недела е прогласен за неработен ден,“ потенцираше пред неколку месеци Сојузот.

Иницијативата за неработна недела веќе подолго време е актуелна во регионот.

Фото: Freepik