
Авион од типот Boeing 737 на украинскиот авиопревозник Ukraine International Airlines се сруши неколку минути по полетувањето во Техеран.
Според информациите, нема преживеани од 176-те патници и членови на екипажот. Како причина за несреќата се наведуваат технички проблеми со леталото.
Компанијата Boeing веќе некое време е под огромен притисок, особено со моделот 737 max, чие производство од почетокот на овој месец е запрено.
Аналитичарите сметаат дека стопирање на производството на моделот 737 max ќе го чини Boeing околу две милијарди долари месечно. Иако е еден од најважните модели, 737 се приземјени од март минатата година, по големи авионски несреќи што се случија во Индонезија и Етиопија, во коишто загинаа над 300 лица.
Поради сите овие проблеми беше разрешен и извршниот директор на Boeing, Денис Муиленбург.
Фото: Pexels