Се стабилизираа цените на нафтата

27

Цените на нафтата се стабилизираа на меѓународните пазари на ниво од 50 долари, а како причина за тоа се наведува неочекуваниот раст на залихите во САД и заканата од американскиот претседател дека нема да го потпише долгоочекуваниот пакет помош.

На лондонскиот пазар цената на барел нафта е скоро непроменета во однос на претходното затворање и изнесува 50,10 долари. Американскиот институт за нафта извести дека американските залихи на сирова нафта минатата недела пораснаа за 2,7 милиони барели. Аналитичарите очекуваат пад на залихите за 3,2 милиони барели.

Цените ги потиснаа и заканите на американскиот претседател, Доналд Трамп, нема да го потпише законот со 892 милијарди долари како помош за американските граѓани.

Фото: Freepik