Се враќа оптимизмот за грчкиот туризам

33

Грција се надева дека и покрај нестабилната состојба со пандемијата, би можела оваа летна сезона да го избегне најлошото сценарио.

Од средината на март, грчката влада и туристичките здруженија сметаа дека целта да се постигнат 40 до 50% од приходите во рекордната 2019 година, иако првично била невозможна, сега сепак постои можност за остварување на тие резултати.

Сепак, состојбата, како што пишува Катимерини, е подобрена, па можно е да се забележат подобри резултати оваа сезона.

Како две главни причини за оптимизам се наведуваат забрзаната и ефикасна вакцинација, како во Грција, така и во другите земји и очигледното враќање на американските туристи во Европа.

Фото: Pexels