Сеад Кочан избран за заменик претседател на ССК

19

Управниот одбор на Сојузот на стопански комори (ССК) едногласно го изгласа Сеад Кочан за заменик претседател на ССК, на предлог на претседателката на ССК, Данела Арсовска. Одборот, исто така, едногласно го излгаса Драган Митковски за потпретседател одговорен за финансии во рамките на ССК.

Сеад Кочан од 2009 година е претседател на Градежната комора во ССК и сопственик на градежната компанија Трансмет.

“Ќе се залагам за зголемување на услугите на ССК, економски раст на компаниите, иницирање на законски измени, како и континуирано учество на комората во подготовка на Законски решенија и давање мислење на веќе постоечките Закони, во насока на подобрување на деловниот амбиент. Исто така, ќе продолжиме да работиме на зголемување на свеста кај компаниите за коморското здружување, бидејќи сметам дека тоа е единствен начин, практикуван и на светско ниво, за јакнење на бизнис заедницата“, изјави Кочан.

ССК е најголема независна деловна организација во Македонија која ги промовира и застапува бизнис интересите на илјадници компании членови и ги поврзува со над илјада национални, регионални и интернационални институции и организации.