Седница на мешовитата комисија за економска соработка меѓу Македонија и Словачка

14

Мешовитата комисија за економска соработка меѓу министерствата за економија на Македонија и Словачка денеска ќе ја одржи првата седница, пишува Миа.

Комисијата е формирана врз основа на Меморандумот за разбирање за економска соработка на двете министерствата.

На седницата со македонската страна ќе претседава заменик министерот за економија Христијан Делев, а со словачката, неговиот словачки колега Растислав Чованец.

На седницата е предвидено потпишување протокол за соработка.