Седум банки во земјава “тежат“ три милијарди денари

129

Од вкупно 15 банки, колку што брои банкарскиот систем во земјава, осум котираат на Македонска берза. Од први јануари до 30-ти јуни, седум банки евидентираа вкупна добивка од над три милијарди денари, додека само една заврши во минус од 12,9 милиони денари, покажуваат податоците на Македонска берза.

Најголема поединечна добивка, во првите шест месеци од оваа година, прикажа Стопанска банка од Скопје и тоа 1.054.339.000 денари. Втора банка според остварена шестмесечна добивка е НЛБ Банка со 963.243.000 денари, додека на трето место се најде Комерцијална банка со добивка од 6767.088.000 денари.

По трите најпрофитабилни банки следуваат: Охридска банка Сосиете Женерал (278.736.000 денари), Уни Банка (102.324.000 денари), ТТК Банка (56.716.139 денари) и Стопанска банка Битола (3.373.000 денари).

Од банките што котираат на Македонска берза, единствено Централна кооперативна банка прикажа загуба и тоа од 12.903.000 денари.

Фото: Pixabay