Седум фрази што никогаш нема да ги чуете од успешните луѓе

382

Вашите мисли и работите што си ги кажувате самите себе и на другите се помоќни од што знаете. Овие фрази го одредуваат начинот на кој размислувате, како делувате и како другите ве перципираат. Она што вие можеби мислите дека е површна и безопасна забелешка може да влијае на текот на целиот ден, па дури и кариера без притоа вие да сте свесни за тоа.

“Вербални неуспеси“ често се јавуваат затоа што ние кажуваме работи без да знаеме за суптилните импликации што ги носат. Разбирањето на овие импликации бара социјална свест – можност за разбирање на туѓите емоции и искуства.

TalentSmart ја тестираше емоционалната интелигенција на повеќе од милион луѓе и откри дека социјалната свест е вештина од која на многумина им недостасува. Зошто? Бидејќи сме премногу фокусирани на тоа што ќе кажеме следно – и како она што другите го кажуваат – влијае на нас.

Ова е проблем затоа што луѓето се комплицирани. Не можете да се надевате дека ќе разберете целосно некого додека не го насочите целото внимание на неговата или нејзината насока. Убавината на социјалната свест е дека неколку едноставни прилагодувања можат значително да ги подобрат вашите односи со други луѓе. Во тоа име, избегнувајте ги овие фрази:

Изгледаш уморно

Луѓето кои работат многу или се зафатени со некои други обврски, обично имаат неуредна фризура и темни кругови, едноставно, и тие самите се свесни дека не изгледаат најдобро, затоа – не ги потсетувајте на тоа. Наместо оваа фраза, прашајте ги: Дали е сè во ред?

Ти секогаш….или Ти никогаш…

Не бидете толку убедени или сугестивни (прочитајте: арогантен), бидејќи никој не прави нешто лошо – секогаш, ниту се случува никогаш да не направат нешто како што треба. Не гледајте на работите од само една димензија, бидете отворени умови. Ваквите фрази ги тераат вашите соговорници да заземат одбранбен став и да го искусат негативно она што ќе им го кажете.

Како што реков …

Друга фраза која ретко ја промашуваат успешните и интелигентни луѓе, затоа што тие знаат каков тон носи, а нивната цел е да имаат добри односи со колегите. Оваа реченица индиректно, но многу јасно, вели дека не сте слушале добро што ви велеле и дека соговорникот сега треба да ви го повтори истото, и тој не е многу среќен поради тоа.

Со среќа

Навидум банална фраза, сигурно се прашувате што не е во ред со тоа? Проблемот со оваа изјава е што го користите за да му кажете на вашиот соговорник дека тој не е доволно професионалец, подготвен или компетентен за нешто и дека му треба одредена сума среќа за да успее. Наместо тоа, кажете: Знам дека имаш сè што е потребно за да стигнеш таму.

Од тебе зависи… или „Како сакаш…

Можеби немате јасен став за некоја тема (прашање) или не ве интересира многу, но на овој начин покажувате непочитување кон лицето кое ве прашува за совет или сака да го слушне вашето мислење. Наместо оваа фраза, кажете: Немам посебен став за тоа, но еве неколку фактори што би ги разгледал ….

Барем јас никогаш не сум го направил тоа…

Оваа фраза е агресивен начин да го свртите вниманието од вашата моментална грешка кон нечии грешки од минатото. Наместо тоа, кажете: Извини. Прифаќањето грешка е најдобриот начин да ја однесете дискусијата на порационално и помирно место за да можете да ги решите работите. Другата страна веднаш ќе ја смени својата позиција – на подобро.

Леле, си симнал 100 кила

Можеби сакате да му дадете комплимент на вашиот колега, но ова не е начин да се оди. Покрај тоа, тоа вели дека сте многу критични и дека точно и прецизно сте ја измериле тежината на лицето со кое работите, веднаш штом сега забележите голема загуба. Наместо да го кажувате ова, кажете: Изгледаш фантастично.